Што рекоа за нас

Ружица Крстева
Клиент
Од моментот кога ги открив тортите-порачувам од кај нив, и со секоја нова торта ми ги надминуваат очекувањата. Не сум сретнала до сега некој да посветува толку внимание на детали; очигледно е дека Марија остава дел од себе во секоја изработка, а нејзините изработки се, скромно кажано, ненадминливи. Освен што тортите се беспрекорни, односот со клиенти е на ниво-секогаш се љубезни, внимателни и злегуваат во пресрет, што го прави целото искуство комплетно. Моите деца (а и сите што ги виделе нивните изработк) се секој пат
воодушевени од тортите. Пресреќна сум што ги открив ММ, и останувам нивен лојален муштерија за сите идни семејни прослави. Фала ви што ни ги правите родендените магични.

Елена Трајковска
Клиент
Нарачувам хартиени торти од кај вас бидејќи секој детал на тортата е направен со големо внимание и прецизност. Стефан многу им се радува на тортите бидејќи тортата не се растура, не се топи, не мора да стои во фрижидер туку буквално е дел од целиот роденденски ден. Во градинка тортата е полна со изненадувања за дечињата кои секоаш бираме да бидат поздрав избор отколку обична торта со
фондан и многу шеќери.

Тања Дракуловска
Клиент
Целата Hot Air Balloon декорација беше фантастична. Вниманието кон деталите и посветеноста, балоните, тортата, боите, ги надминаа нашите очекувања, а секој мал детаљ и даде дополнителен шарм на декорацијата. Ви благодариме што бевте дел од 1-виот роденден на Андреј и ни помогнавте да создадеме прекрасни спомени.

Елена Серафимовска
Клиент
ММ беа нашата поддршка во организацијата на првиот роденден од соништата на нашето девојче. Мојата идеја и замисла ја претворија во реалност, со максимална посветеност и прецизност до најситни детали. Пријатно не изненадија со подарок кој секогаш ќе го чуваме како најсладок спомен. Топла препорака.

Ана Тошиќ
Клиент
Можам со задоволство да ја споделам радоста која ја будат овие супер МмМм дечки. Недостасуваа во овој град вакви создавачи на детска радост и магија преку вашите дела, кои никого не оставаат без воздишки. Се радуваме што постоите. Плените со енергијата која ја споделувате преку вашите дела, а лично не освоивте особено со професионалноста и посветеноста која ја вложувате во своите дела.

Даниела Тилиќ
сопственик и менаџер на Ботаника
Имав привилегија да работам со Митко и Марија, кои се движечка сила на MMevents&crafts, една од најкреативните и најпосветени фирми за декорации во нашата земја. Нивната страст и трудољубивост се невообичаени и препознатливи во секој проект кој го реализираат.
За Halloween ја трансформираа Ботаника во мистичен и драматичен простор кој изгледаше како сцена од прелуда приказна, создавајќи незаборавно искуство за сите присутни. За Нова Година создадоа вистински зимски рај, кој ја донесе бајковитата атмосфера и ги приближи магијата и топлината на празниците до срцата на нашите гости.