Хартиени торти за изнајмување

Нашите хартиени торти се вистинска рачно изработена уметност. Ги создадовме сосема спонтатно, но со желба кај децата да предизвикаат вистинска радост и воодушевување. Почнавме да ги изработуваме за продавање, но потоа сфативме дека и на тебе и на нас повеќе ни одговара ако ги изнајмуваме.

Ако и тебе изнајмување на хартиена торта на прва ти звучи чудно, еве неколку факти зошто е тоа најдобрата инвестиција за роденденот на твоето дете:

Ако сеуште се мислиш, еве уште еден факт за тебе:

Цената за изнајмување на тортите се движи од 990 ден до 1.490 ден зависно од тортата. Цената се однесува за празна торта, без производи внатре.

Единствени податаоци кои ни требаат за да може да се направи нарачка е да ја погледнеш нашата понуда на достапни модели, да го избереш моделот и да ни пишеш Име и години.

Тортата се подигнува ден пред роденден, а се враќа ден после роденден.

Сега сигурно се прашуваш што се случува ако ја оштетиш тортата…?!

Изнајмувањето функционира така што покрај цената за изнајмување се остава и депозит од 1.000 ден. за тортите од 990 ден. и 2.000 ден. за тортите кои чинат 1.490 ден. Во случај на посериозно конструкциско оштетување на тортата или пак задоцнување со враќање на предвидениот датум, депозитот го задржуваме.

Пол
Тема

Постави прашање

Пополнете го формуларот и ќе Ве контактираме во најбрз можен рок