Имате идеја за вашиот настан, а не знаете од каде да почнете?

Вие сте на вистинското место, бидејќи првиот и последен чекор е да не контактирате со цел да закажеме средба. Откако ќе оствариме средба ние ја преземаме целокупната организација, проект, подготовка, набавка, монтажа и демонтажа на сите потребни реквизити.

Нашата задача пред се ќе биде да ја
разбереме Вашата идеја, заеднички да дефинираме буџет, цел и можни сценарија согласно избраната локација за вашиот настан.

За Нас

Нашата компанија е посветена на тоа да внесеме радост и магија на секоја забава. 

Со страст за креативност и внимание кон деталите, создававме уникатни хартиени торти кои се вистинско уметничко дело. Секоја торта е внимателно дизајнирана за да биде повеќе од украс – таа е симбол на стил, елеганција и незаборавни моменти.

Нашите торти не само што го украсуваат вашиот посебен ден, туку и имаат повеќекратна употреба без компромис во нивниот квалитет. Секој производ е изработен со максимална грижа и посветеност, со цел да го надминеме вашето очекување и да го претвориме секој настан во вистинско доживување.

Ние се стремиме кон врвен квалитет и задоволството на нашите клиенти ни е на прво место. Со секоја торта што ја изработуваме, ја споделуваме нашата визија за радост, креативност и незаборавни моменти, правејќи ја секоја прослава посебна и полна со среќа.

Постави прашање

Пополнете го формуларот и ќе Ве контактираме во најбрз можен рок